Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската ракометна федерација (РФМ) по завршување на настапот на Светското првенство (СП) во Египет ќе го организира изборното собрание за избор на претседател.
Живко Мукаетов, кој е актуелен претседател на РФМ, пак ќе се кандидира, а веќе добив поддршка и со документ потпишан од сите клубови, тие застанаа зад сегашниот претседател.
Во ваква ситуација кога сите клубови изразија поддршка изборот во недела (31.01.2021) ќе биде само формален и Мукаетов ќе биде реизбран. Според правилата еден клуб не може да даде поддршка на двајца кандидати. Така Мукаетов ќе биде прв човек на РФМ најмалку до 2025 година.