Мукаетов: Ракометарките вредат многу повеќе од турбо-фолкерките за кои се даваат и 1.200 денари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов синоќа во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“ кажа дека македонските ракометарки вредат повеќе од турбофолк ѕвездите кои доаѓаат да пејат во Македонија.

Проблем во македонската јавност беа цените на влезниците за натпреварите на Македонија, која по 14 години игра на Европското првенство за жени, но Мукаетов кажа дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) барала многу повеќе пари, но РФМ ги намалила цените.

„Апелирам до сите сограѓани да дојдат и да дадат поддршка на девојчињата. Ова е Европско првенство и игра Македонија, па треба да застанеме зад нив. Исто така, мислам дека треба да бидеме реални и да кажеме дека на некои македонски граѓани не им е проблем да дадат по 800, 1.000, 1.200 денари за некоја турбофолк ѕвезда. Мислам дека девојчињата во ракометната репрезентација вредат повеќе“, вели Мукаетов.

Македонија вечерва од 18.00 часот го игра првиот меч на ЕП против Франција.