„Мундо Депортиво“: Барселона го зема Нејмар, а ќе го исплати по – две години


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Управата на Барселона не се откажува од услугите на Нејмар, па бараат начин како да го убедат раководството на ПСЖ да го пушти Бразилецот.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Нејмар би можел да се врати во Барселона на двегодишна позајмица, по што Каталонците ќе мора да го откупат неговиот договор.

Во секој случај, ПСЖ би можел да го пушти Нејмар на позајмица, но само доколку биде откупен за 200 милиони евра од Барселона по завршување на позајмицата.

Преговорите во моментов се водат меѓу двата европски гиганти, па се очекува до крајот на летниот преоден рок да се донесе конечна одлука за иднината на Бразилецот и конечно да се реши сапуницата, која трае веќе со месеци.