„Мундо Депортиво“: Барселона има нова опција во обидот да го ангажира Нејмар


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шест дена останаа до крајот на преодниот рок, а тоа значи дека сме блиску до решение за иднината на Нејмар, кој сака да се врати во Барселона.

Нејмар пред две години за 222 милиони евра се пресели во ПСЖ од Барселона, но често покажуваше незадоволство во Париз.

Сепак, проблемот во реализирање на потенцијалниот трансфер е тоа што ПСЖ не сака да го пушти за помалку од 222 милиони евра.

Каталонците се обидуваат да го ангажираат на позајмица или да направат некаква трампа, но досегашните обиди беа неуспешни.

Една од опциите, која можеби е и најреална за Барселона, е чекањето до следното лето.

Нејмар има договор до 2020 година, а има клаузула според која ќе може да замине наредната година за 170 милиони евра.