Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампиони загуби од Баерн Минхен со 2-8, а каталонските медиуми се обидуваат да го „исперат“ големиот срам на гигантот.
„Мундо Депортиво“ објави дека пред 40 години Реал Мадрид во пријателски меч загубил од Баерн Минхен со 1-9.
Тогаш „кралевите“ ги водеше легендарниот Вујадин Бошков, чија изјава и денес се памети.
„Подобро да се загуби еден меч со девет гола разлика, отколку девет дуели со по еден гол разлика“, кажа тогаш Бошков.
Инаку, станува збор за пријателски меч, кој „кралевите“ го одиграа во рамки на подготовките во Германија, а споредбата на тој пораз со овој на Барселона е навистина чуден потег на каталонскиот медиум.