Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Алекс Коладо во последниот ден од летниот преоден рок требаше да замине на позајмица од Барселона во Шефилд јунајтед. Двете страни беа договорени, но поради документите пропадна позајмицата.
Барселона потоа не успеа ниту да го пријави за првиот Б-тимот, па тој ќе мора цел прв дел од сезоната да го мине на трибините, а сега голем интерес за 22-годишниот фудбалер покажа Милан.
„Имавме контакт со Милан и се чека јануарскиот преоден рок за да пристигне официјална понуда од Милано“, пишува „Мундо Депортиво“.
Коладо беше капитен на Б-тимот на Барселона и медиумот пишува дека тешко му паѓа тоа што не игра, посебно поради тоа што во Барселона владее тешка финансиска состојба.