„Мундо Депортиво“: Откриено што понудила Барселона за потписот на Нејмар


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Барселона и ПСЖ водат преговори за враќање на Нејмар во Каталонија, а веќе одржаа еден состанок во Париз.

ПСЖ потврди дека сака да го продаде фудбалерот, но само за 220 милиони евра, а тоа е невозможно за Барселона, која очекуваше нешто поинакво.

„Мундо Депортиво“ денеска ја откри првата понуда на Барселона за потписот на Нејмар, а таа била составена само од Филипе Кутињо, односно тие сакале трампа на фудбалерите.

Каталонците го понудиле Кутињо, зашто сакале да му направат услуга на ПСЖ, кој така би добил мир во соблекувалната и би се ослободил од незадоволниот Бразилецот.

Од друга страна, Барселона не го сака Кутињо, зашто тој игра послабо од очекувањата и поради тоа Каталонците ќе се обидат да се ослободат од неговите услуги.