„Мундо Депортиво“: Реал Мадрид договара сензационален трансфер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид ја следи ситуацијата во Манчестер сити за Рахим Стерлинг, кој ќе се обиде следното лето да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“, а тоа го потврдува и „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот медиум пишува дека претставниците на Англичанецот имале состанок со управата на „кралевите“ за да разговараат за можен договор.

Стерлинг наводно е многу среќен во Манчестер под водство на Пеп Гвардиола. Сепак, не е исклучена можноста да се пресели во шпанската престолнина, ако сезонава не ја освои Лигата на шампиони со „граѓаните“.

Минатата година потпиша нов договор со Манчестер сити на 300.000 фунти неделно, па соработката го „врзува“ со клубот до 2023 година.