Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Синоќа беше потврден трансферот на Луис Суарез во Атлетико Мадрид.
Тој потпиша двегодишен договор, и пристигна во Мадрид како слободен агент, а Барселона ќе заработи околу шест милиони евра поради бонусот.
Суарез ќе заработува девет милиони евра по сезона, а Мундо Депротиво се прости од него на интересен начин на неговата насловна страница.
Имено, на насловната страница можете да ја видите неговата фотографија, и насловот на кој пишува „Збогум, убиецу“, а се мисли на неговата неверојатна статистика.
Имено, тој одигра 283 натпревари за шест години поминати во Барселона, постигнувајќи 198 гола и 109 асистенции.