Муратоглу: Ѓоковиќ сè уште може да игра како еден од најголемите на светот


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Блиску е почетокот на Вимблдон, времето се скратува, па нормално е да има сè повеќе прогнози и проценки за тоа што може да направи секој од најголемите асови во Лондон.

Една од најголемите непознаници се вика Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња на Вимблдон ги одигра последните шест финалиња, првите четири од таа серија ги заврши со триумф, последните два со порази од Карлос Алкарас.

Сето ова покажува колку е опасен седумкратниот шампион. Истото го смета и Патрик Муратоглу.

– Кога следниот пат ќе се прашувате дали Ѓоковиќ може да ја освои титулата, размислете за следново. Што ни покажа Новак на последниот Ролан Гарос?

И потоа францускиот тренер сам си одговара.

– На десетина дена пред лондонскиот старт едно е сигурно. Новак Ѓоковиќ е сè уште опасен.

Фотографија: Grok AI