Муратоглу го брани Ѓоковиќ: Можеше да мами и никој да не дознае!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Познатиот тениски тренер Патрик Муратоглу кажа дека Новак Ѓоковиќ можел да ги измами сите доколку сака со лажна вакцина, но Србинот не го направил тоа и смета дека ова покажува за каква личност станува збор.

Ѓоковиќ неколку пати кажа дека се надева на настап на останатите турнири во сезоната, откако не му беше дозволено да игра на Австралијан опен, а сега во негова одбрана застана и Муратоглу.

„Една од најголемите критики на сметка на Ѓоковиќ е тоа дека не е автентичен, дека глуми за да го сакаат сите и не го покажува вистинскиот карактер. Јас верувам во спротивното. Јас верувам дека тој е неверојатен. Ќе ви дадам еден пример. Тој е единствениот тенисер, кој се наоѓа на врвот, а одби фотографија да му биде претставена во видео-игра. Тоа го направи затоа што смета дека игрите не се добри за децата. Исто така, можеше сите да ги измами со лажна вакцина, но не го направи тоа“, вели Ѓоковиќ.