Мурињо го достави списокот со желби, Перез е на потег!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


По сезоната која не ги исполни очекувањата на навивачите и раководството, Реал Мадрид е подготвен за големи промени во тимот. Според последните информации, „кралевите“ му ја довериле клупата на Жозе Мурињо, а Португалецот веќе започнал со плановите за создавање на нов тим.

Мурињо одржал состанок со претседателот Флорентино Перез и раководството на клубот, каде што јасно ги посочил позициите кои мора да бидат засилени во летниот преоден рок.

Искусниот стратег сака сериозна реконструкција на составот и побарал ангажман на најмалку шест нови фудбалери. Во неговите планови се двајца стопери, нов десен бек, лев бек доколку Фран Гарсија го напушти „Сантијаго Бернабеу“, како и засилувања во средниот ред – еден дефанзивно ориентиран играч и еден креативец кој ќе ја диктира играта на тимот.