Мурињо остави долг во хотел во Турција од 750.000 евра


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Турските медиуми открија неколку дополнителни детали за престојот на контроверзниот стратег во Фенербахче.

Времето на Жозе Мурињо во Турција и понатаму е тема на насловните страници во оваа земја. Според извештаите од неколку локални медиуми, Фенербахче потрошил околу 36,5 милиони турски лири, приближно 750.000 евра, за да го покрие луксузниот престој на португалскиот тренер во хотелот „Фор сизонс“ во Истанбул, каде што престојувал повеќе од една година.

Стратегот кој седна на клупата на Фенербахче во 2024 година со цел да го врати во врвот на европскиот фудбал, престојувал во „најексклузивниот апартман“ на хотелот, со поглед на Босфор и сите можни погодности.

Сумата што сега ја открија турските медиуми, предизвика бура во клубот, особено по наглото заминување на Мурињо во август 2025 година, кога Фенербахче го раскина договорот со него по елиминацијата од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите.

За време на тие 15 месеци во Истанбул, Мурињо беше во центарот на вниманието поради конфликтите со управата, острите изјави, а сега и поради цената на неговиот престој.

Сметката за хотел дополнително се надоврзува на отштетата од 12 до 15 милиони евра, која турскиот клуб наводно му ја исплатил по отказот.

Како и обично, португалскиот стратег не го коментира случајот, иако многумина во Турција оваа информација ја гледаат како доказ за огромните трошоци на неговата ера во Фенербахче. Вкупно, неговиот престој го чинеше клубот речиси колку и годишната плата на еден од неговите најплатени фудбалери.

Неколку недели по заминувањето од Турција, Бенфика официјално објави дека Мурињо е именуван за тренер до 2027 година, што го означи неговото долгоочекувано враќање во португалскиот фудбал. Сепак, резултатите засега не ги исполнуваат очекувањата.