До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Мадрид, нагласувајќи дека во моментов „нема никакви опции“ за такво сценарио.
Португалскиот стратег, кој сега го предводи Бенфика, се обрати пред медиумите во пресрет на вечерашниот натпревар против мадридскиот гигант во Лига на шампиони. Интересот на јавноста дополнително се зголеми поради неговото минато на „Сантијаго Бернабеу“, но Мурињо беше дециден.
„Во овој момент има нула опции со Реал Мадрид“, изјави тој, ставајќи крај на сите шпекулации. „Имам уште една година договор со Бенфика, со многу лесна клаузула за раскин“, додаде Португалецот, оставајќи сепак мала доза неизвесност околу својата иднина.
Мурињо го водеше Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година, освојувајќи титула во шпанското првенство, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, а неговото име редовно се поврзува со можен камбек секогаш кога клубот се соочува со предизвици.
















