Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот свет е пред вистинска сензација. Според последните информации, Жозе Мурињо ги договорил сите услови за шокантно враќање во Реал Мадрид наскоро повторно ќе седне на клупата на „кралскиот клуб“.
Наводно, постои целосен вербален договор меѓу двете страни, а останува само да се потпишат финалните документи во текот на овој месец. Планот е Мурињо да потпише двегодишен договор, при што преговорите поминале без никакви проблеми, бидејќи неговата најголема желба била повторно да го води Реал Мадрид.
„Специјалниот“ веќе ја започнал подготовката за новата ера на „Сантијаго Бернабеу“, а според најавите, по натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао ќе отпатува за Мадрид каде ќе започне реализацијата на проектот за новиот тим.
Мурињо претходно го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, период во кој освои титула во Ла Лига, Куп на Шпанија и Суперкуп на Шпанија, а многумина неговото враќање го гледаат како почеток на нова доминантна ера за „кралевите“.
















