Мурињо духовито објасни зошто косата му е побелена


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо духовито го откри причината за својата побелена коса, раскажувајќи специјална приказна од времето кога го тренираше еден фудбалер во своите поранешни клубови, Реал Мадрид и Челси.

Португалскиот тренер зборуваше за “проблемите” кои ги имаше со агентот на Ласана Диара за време на неговото време во Мадрид и Лондон.

„Го тренирав Ласана Диара во Реал Мадрид и Челси. Сета оваа бела коса на мојата глава е поради Ласана и неговиот агент”, рече Мурињо, па продолжи:

„Ако одигра 90 минути и се покаже добро, неговиот агент доаѓа следниот ден и бара нов договор и поголема плата.”

„Ако е на клупа и не игра, неговиот агент доаѓа во понеделник наутро и бара состанок бидејќи Ласана сака да си замине“, нашали се Португалецот.