Мурињо го отпиша еден од најголемите таленти


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид во самиот финиш на летниот трансфер период може да остане без еден од своите најперспективни фудбалери, но само привремено.

Според пишувањата на шпанските медиуми, тренерот Жозе Мурињо сериозно размислува за праќање на бразилскиот напаѓач Ендрик на едногодишна позајмица за да добие повеќе минути и да го продолжи развојот.

Иако на прес-конференција рече дека Ендрик е играч кој многу го сака и не сака да го изгуби, се чини дека Жозе е целосно свесен дека заминувањето на младата ѕвезда би било најдобро за сите.

На Сантјаго Бернабеу владее голема конкуренција во напаѓачката линија, а португалскиот експерт смета дека во моментов нема доволно простор сите напаѓачи да добијат шанса.

Иако Ендрик ова лето влезе во сезоната со големи очекувања, неговиот статус дополнително се закомплицира по доаѓањето на младиот напаѓач Карлос Еспи од Леванте.

Еспи веќе го привлече вниманието откако постигна победнички погодок против Еспањол, со што дополнително ја засили конкуренцијата во врвот на нападот.

Во Реал Мадрид веруваат дека за Ендрик би било најдобро следната сезона да ја помине во клуб каде што ќе игра недела за недела, наспроти да поминува поголем дел од времето на клупа.