Мурињо наскоро си заминува од Бенфика?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред претседателските избори во Бенфика, кандидатот Жоао Диого Мантегиаш тврдеше дека Жозе Мурињо “не е тренер со иднина” во лисабонскиот великан, бидејќи неговата вистинска цел е преземање на клупата на португалската репрезентација. Иако Мантегиаш признава победничкиот менталитет на Мурињо, сигурен е дека амбициите на славниот стратег ги надминуваат клубските рамки, пишува goal.com.

Враќањето на Мурињо во Бенфика, 25 години по краткиот деби, беше дочекано како историски момент за клубот. Пред нешто повеќе од месец замина на чело на тимот и потпиша двегодишен договор, веднаш воспоставувајќи победничка структура и враќајќи доверба во соблекувалната. Сепак, Мантегиаш тврди дека срцето на 62-годишниот тренер веќе насочено кон друга цел.

Тој го опиша Мурињо како “победник способен да ја направи Бенфика шампион оваа година”, но истовремено и како некој што не планира долгорочно да се врзе за клубот.

“Тој овде не е тренер со иднина”, изјави Мантегиаш за португалските медиуми, алудирајќи дека искусниот стратег цели на позицијата селектор на Португалија.