Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Фенербахче во 32. коло од турското првенство претрпе болен пораз од најголемиот ривал Бешикташ со резултат 0-1 , со што четири кола пред крајот на шампионатот практично отпадна од трката за титулата.
Водечкиот Галатасарај сега има осум бода повеќе, а во клубот од Истанбул многумина веќе се помират со тоа дека титулата нема да стигне во нивните витрини.
Главна мета на критиките овие денови е тренерот Жозе Мурињо, а меѓу најгласните беше поранешниот фудбалер на Реал, Фенербахче и Галатасарај, како и од репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
„Тој нè прави будали сите. Ги молам луѓето од клубот да го сменат итно. Мислам дека Мурињо повеќе не е добар тренер – всушност, дека е лош тренер. Нѐ исмејува и повеќе не можам да молчам. Повторно нѐ изненади со поставувањето. Каде е логиката? Не можеш да ја уништуваш екипата со своето его и ароганција. Играчите немаат континуитет затоа што тој постојано нешто менува“, порача Баљиќ во своето остро обраќање.
Фото: Принтскрин