Мурињо подготвува голема реконструкција на Реал Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо сè поизвесно се враќа на клупата на Реал Мадрид, а шпанските медиуми веќе откриваат дел од неговите планови за иднината на клубот. Иако официјалната промоција сè уште не е реализирана, поради очекуваното завршување на претседателските избори и нов мандат на Флорентино Перез, португалскиот стратег веќе работи на создавање на тимот за следната сезона.

Според информациите на шпанскиот весник „АС“, Мурињо подготвува сериозни промени во играчкиот кадар, а најголем фокус ќе биде ставен на одбранбената линија. Искусниот тренер смета дека е неопходно освежување во последната линија на тимот и планира ангажман на нови централни дефанзивци, како и засилувања на двете бековски позиции.

Покрај реконструкцијата на одбраната, промени се најавуваат и во средниот ред. Мурињо сака да доведе класичен дефанзивен играч за врска кој ќе има улога на заштитник на одбраната и ќе обезбеди поголема стабилност во играта на „кралскиот клуб“.