До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо повторно е суспендиран, а клубот, исто како и пред реваншот со Реал Мадрид во плејофот на Лигата на шампионите, се огласи со соопштение.
Клубот ја одби пресудата која ја изрече Дисциплинарниот совет на Фудбалскиот сојуз на Португалија против нивниот тренер.
Мурињо доби суспензија од два натпревари, едниот поради исклучувањето од клупата откако ја шутнал топката по голот на Леандро Бареира за 2:2, а другиот (11 дена суспензија) поради недоразбирања со Лучо Гонзалес.
“Бенфика решително и јасно ја одбива казната изречена за тренерот, Жозe Мурињо, од страна на Дисциплинарниот совет на Фудбалскиот сојуз на Португалија. Станува збор за очигледно неправедна, несразмерна и прогонителска одлука, донесена спротивно на тоа што навистина се случи на крајот од натпреварот“, се вели во соопштението на клубот.















