Мурињо веќе добива „шут-карта“, но нема да се откаже од богатството


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Фенербахче Жозе Мурињо многу лесно би можел да го напушти тој клуб ова лето, пишуваат турските медиуми.

Фенербахче не се прослави во завршницата на оваа сезона, притоа беа и осрамотени од страна на прегорената Хатајспор со пораз од 4:2. Притисокот е на врвот, Жозе Мурињо наводно повеќе нема кредити и трпението исчезнува. Според извори, Португалецот последниве недели бил критикуван и во интерните кругови за изборот на тимот и раководењето со екипата, исто така и во медиумите.

Турскиот „Fanatik“ пишува дека разделбата е извесна, но најголемата пречка е отштетата во договорот на искусниот стручњак. Имено, клаузулата која тој ја има во договорот со Фенербахче гласи дека во случај на отказ му следуваат 14.000.000 евра и тој не сака да се откаже од тоа, а претседателот Али Коч не е подготвен да му исплати сè. Затоа се бара решение.

Исто така, веќе се спомнуваат имиња кои би можеле да го наследат, а се дознава дека на списокот на Фенер е поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Един Терзиќ. Фенер би сакал по секоја цена да седне на преговарачката маса со човекот кој минатата година ја одведе Борусија до финалето на Лигата на шампионите, но пред сè мора да ја затворат страницата што ја испиша Мурињо.

Фото: Принтскрин