Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вистинска трансфер бомба пристигнува од Шпанија, а во центарот на вниманието е Родри. Според тврдењата на добро информираниот новинар Екрем Конур, Жозе Мурињо веќе јасно и порача на управата на Реал Мадрид кого го сака како приоритетно засилување.
Наводно, португалскиот стручњак смета дека токму играчот од средниот ред на Манчестер Сити е идеален човек за новата ера во Мадрид и веќе се обидува да влијае на луѓето од клубот за трансферот да почне што побрзо.
Интересот на Реал за Родри не е новост. Во Мадрид веќе долго време бараат фудбалер кој би можел да донесе стабилност и контрола во средината на теренот, особено по заминувањето на Тони Крос.
















