Мурињо во војна со Турците: Имам повеќе финалиња од 2017 година отколку што вие имате во историјата!


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Фудбалерите на Фенербахче беа поразени во понеделникот навечер на гостувањето кај претпоследниот тим Хатај со 4:2, во натпревар кој немаше резултатско значење за двата клуба, но служеше како повод турските медиуми силно да нападнат на Жозе Мурињо – тренерот на истанбулскиот клуб.

И покрај тоа, срамните четири гола од еден од послабите тимови во лигата фрлија сенка врз работата на Мурињо, а војната со медиумите дополнително беше разгорена поради тоа што Жозе не ги „промеша“ картите, туку излезе на терен со ветераните Душан Тадиќ и Един Џеко.

Во моменти кога острицата на критиките кон Мурињо се закануваше да ги надмине сите граници, Португалецот го изнесе податокот дека во последните седум години играл две европски финалиња.

„Тоа е повеќе од турскиот фудбал во целата историја. Минатото лето целевме на пласман во Лигата на шампионите, но играчите дојдоа уморни од Европското првенство. Претстојното лето започнуваме со нов обид“, рече Мурињо чиј договор со Фенер истекува на крајот од следната сезона.

Фото: Принтскрин