Мурињо „заспа“ додека слушаше новинар на прес-конференција (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фудбалерите на Фенербахче претрпеа пораз во натпреварот против Ренџерс.

Избраниците на Жозе Мурињо во првиот натпревар од осмина-финалето на Лигата на Европа загубија од тимот на Глазгов Ренџерс на домашен терен со резултат 3:1.

По натпреварот, стратегот на Фенер Жозе Мурињо излезе пред новинарите на конференција и со една реакција многумина ги изненади.

Додека го слушаше прашањето кое беше долготрајно, прославениот Португалец почна да ги затвора очите и да се преправа дека спие.

Многумина беа изненадени од оваа реакција на Мурињо, видеото стана вирално на социјалните мрежи, а како изгледаше тоа можете да погледнете на приложеното видео: