Мурињо сериозно смета на Фил Џонс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако се верува на пишувањата на англиските медиуми стоперот на Манчестер Јунајтед не мора да се грижи за својот статус кај новиот менаџер.

Се шушкаше дека доаѓањето на Ерик Баили од Вираљеал може да има комби последици по Фил Џонс, но доби цврсти гаранции од Жозе Мурињо дека ќе биде важен шраф во неговата машинерија.

Имено, Португалецот на Џонс во четири очи му соопштил дека во него гледа “ѓаволска“ верзија на Џон Тери.

Овие зборови на Мурињо може да значат дека приказната околу стопер за наредната сезона е заокружена и дека акцент ќе бидат засилувања за други позиции.

Во последно време најмногу се зборува за интересот на Посебниот за своите поранешните пулени од Челси Сесар Аспиликуета и Немања Матиќ.

Да потсетиме дека Џонс во последно време се соочуваше со многу повреди, во минатата сезона запиша само 10 настапи во Премиер лигата, а во игра помина само 528 минути.

Инаку, 24-годишниот дефанзивец е член на Манчестер Јунајтед од 2011 година, доведен е од Блекбурн за нешто помалку од 20 милиони евра. Во текот на претстојот на Олд Трафорд освои Премиер лига, Фа Куп и два Комјунити Шилд, а во претходите пет сезони имаше 15 повреди.