Мурињо бил само план Б: Тотенхем добил „корпа“ од друг тренер!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо денеска беше претставен како нов тренер на Тотенхем. „Специјалниот“ на оваа позиција го замени Маурицио Покетино, па со клубот од Лондон потпиша договор до 2023година.

Меѓутоа, англиските медиуми пишуваат дека Мурињоне бил прв избор на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, туку тоа бил актуелниот тренер на Лестер, Брендан Роџерс.

Роџерс е одличен сезонава со Лестер, па неговите резултати го привлекле Леви, кој му ја понудил тренерската позиција, но бил одбиен.

Поради тоа, Леви решил да го активира планот Б, па му понудил договор на Мурињо, кој без многу размислувања ја прифатил понудата и пак се врати во Премиерлигата.

Мурињо дебито на клупата на Тотенхем ќе го има во сабота на гостувањето кај Вест хем.