Мурињо доби примамлива понуда од Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо без дилеми е еден од најдобрите тренери во историјата, а исто така е омилен меѓу навивачите поради своите ставови.

Мурињо имаше успешни резултати во Челси, но и во останатите тимови како Интер, Рома и Манчестер јунајтед, но сега добива нова понуда од Премиерлигата.

Вест хем, наводно, е тимот кој е заинтересиран за Португалецот, а наводно Мурињо не би имал ништо против да се врати во Лондон.

„Чеканите“ во моментов играат во Конференциската лига, додека во Премиерлигата им оди многу лошо и се на 16. место со еден бод над зоната за испаѓање.