Мурињо доби суспензија зашто многу зборувал против судиите!

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби суспензија од еден меч од Турскиот фудбалски сојуз затоа што го коментираше судењето на дуелот против Трабзонспор.

Фенербахче славеше со 3-2 против Трабзонспор, но Мурињо не беше задоволен со судиските одлуки и кажа дека неговиот тим бил оштетен на чист пенал.

Мурињо го критикуваше фудбалското првенство во Турција и кажа дека судиите носат одлуки во корист на Галатасарај.

Поради овие коментари Португалецот ќе мора да „одмори“ против Сиваспор во следното коло.