Мурињо добил понуда од соништата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо неколку пати повтори дека ќе остане во Рома, иако добил понуда од соништата од Ал-Хилал.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ал-Хилал му испратил понуда на Португалецот со годишна плата од 30 милиони евра.

Мурињо се заблагодарил за понудата и повторил дека сака да остане во Рома затоа што е посветен на проектот кој го има тимот.

Португалскиот тренер со Рома веќе ја освои Конференциската лига, а заврши како втор во Лига Европа.