Мурињо ги нападна судиите: Не ѝ дозволија на Рома да победи!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Рома одигра реми против Наполи во Неапол (1-1), но тренерот Жозе Мурињо не беше задоволен поради судењето на арбитрите.

Мурињо директно кажа дека судиите не ѝ дозволиле на Рома да победи во натпреварот, зашто имале одлуки во корист на домаќинот.

„Прочитав дека борбата за титулата ќе ја реши некоја грешка на сметка на една од првите три екипи. Јас би рекол дека титулата може да се добие со помош на судиите. Денеска имаше црвен картон за Заниоло, односно втор жолт, а исто така не беше досуден ни прекршок. Не можеме да се бориме за Скудетото, но сакаме секого да го победиме“, вели Мурињо по мечот.