Мурињо ги преживува своите пет минути: Би сакал да го работам истото како Клоп и Гвардиола…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо е без ангажман од крајот на изминатата година.

Во декември 2018. година „Специјалниот“ заработи отказ на клупата на Манчестер Јунајтед. Не сакаше да прифати веднаш нов ангажман, па одлучи да го почека летото, кога ќе се врати на тренерските обврски.

Сепак, Португалецот не е далеку од фудбалот. Тој е стручен консултант на неколку телевизии, а синоќа имаше интересен коментар за некогашните ривали од англиската Премиер лигата, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

Мурињо ги „боцна“ некогашните ривали, особено Клоп.

„Би сакал да заминам во клуб во кој, како да кажеме работат Јирген и Пеп, и да имам можност да доведам играчи кои ги сакам. Ако го погледнете составот на Ливерпул кој го почнува мечот, колку тука пред него? Исто така, кога Пеп не е задоволен со одбраната, во текот на летото, носи нови играчи кои ги сака. Ете го примерот со Клаудио Браво. Не беше задоволен и веднаш го донесе Едерсон“, истакна Мурињо.

„Јирген веќе три и пол години е во клубот, а не освои ништо. Сепак, се уште има доверба и услови да оди напред. Оваа сезона имаа голема шанса за првпат да ја освојат титулата во Премиер лигата. Затоа јас нема ниту да почнам преговори со клубови кои пред мене нема да стават јасни цели“, додаде Мурињо.

Мурињо во досегашната тренерска кариера покрај Манчестер Јунајтед ги предводеше Бенфика, Униао де Леира, Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид, а сега се поврзува со многубројни клубови.

Меѓу кандидатите за неговите услуги се наоѓаат Селтик, Интер, Рома, ПСЖ, Лион…