Мурињо го коментираше отказот на Лампард: Таква е бруталноста на фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Лампард го напушти Челси по една ипол година мината на тренерската клупа, а на неговото место треба да пристигне Томас Тухел, кој неодамна беше отпуштен од ПСЖ.

Лампард ја почуствува горчината на фудбалот, откако не ги постигна посакуваните резултати сезонава, и покрај големите вложувања во екипата.

Жозе Мурињо го коментираше отказот на неговиот поранешен фудбалер.

„Лампард не е само мој колега, тој е важна личност во мојата кариера. Навистина ми е жал затоа што доби отказ. Но, таква е бруталноста на фудбалот. Посебно на модерниот, кога ќе станеш тренер и знаеш дека такво нешто не ти бега“, вели Мурињо.

Челси под водство на Лампард запиша 44 победи, 15 нерешени средби и 25 порази.