Мурињо го критикуваше Челси: Со ваквите потези станувате мал клуб!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ливерпул успеа да слави со 2-1 против Челси во Лондон во шестото коло од англиската Премиерлига. „Сините“ одиграа добро второ полувреме, па имаа шанси за израмнување, но едноставно не ги посака среќата, па „црвените“ ги освоија трите бода.

Сепак, по мечот навивачите на лондонскиот гигант ги „запали“ изјавата на контроверзниот стратег Жозе Мурињо, кој во минатото седеше на кормилото на Челси.

„Кога ќе почнете да прифаќате порази само затоа што вашата екипа играла добро и фудбалерите давале максимум, а навивачите се горди, токму тогаш го губите статусот на голем клуб и станувате мал“, порача Мурињо.

Мурињо беше остар кон поранешниот тим, но сепак во предвид треба да се земе тоа што екипата летово не се засилуваше затоа што има забрана.