Мурињо го напушта Истанбул зашто мора да оди на итна операција


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, денеска ќе го напушти Истанбул за да се посвети на решавање на одредени здравствени проблеми, кои бараат хируршка интервенција.

Оваа информација ја објави реномираниот спортски новинар Јагиз Сабунчуоглу, кој истакна дека познатиот португалски стручњак ќе замине на операција надвор од Турција.

„Жозе Мурињо денеска го напушта Истанбул. Ќе оди на операција надвор од земјата поради здравствените проблеми што ги има,“ изјави Сабунчуоглу во своето обраќање.