Мурињо го „пецна“ Гвардиола: Го купи Филипс за 80 милиони евра и сега ќе го продаде за бадијала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо откри какви се плановите на Рома во зимскиот преоден рок во кој сака да се засили со неколку фудбалери.

Мурињо доби прашање за плановите на Рома во јануари, а притоа испрати провокација до Пеп Гвардиола и Манчестер сити.

„Клубот ќе сработи колку што може. Не сум љубоморен, но Сити потроши 80 милиони евра за Филипс и сега ќе го продаде бадијала за да купи нов играч. Ние не можеме така. Би сакал три-четири засилувања, но воопшто нема да биде лесно. Искрено ќе бидам среќен ако купиме еден дефанзивец“, кажа тренерот на Рома.