Мурињо им најде замерки на своите фудбалери


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалецот Жозе Мурињо даде коментар за победата на Рома на гости кај Шериф Тираспол на почетокот на новата сезона во Лига Европа.

„Специјалниот“ не беше на клупата на Рома поради суспензијата по финалето против Севилја годинава.

Мурињо по натпреварот кажа што мисли за своите фудбалери и веднаш најде замерки.

„Не ми се допадна играта во првото полувреме. Бевме бавни и пасивни. Не одигравме како што се очекуваше и не ја контролиравме играта. Првиот гол го постигнавме на среќа, ни недостигаше агресивност. Сепак, заслуживме да победиме и тоа е најважно“, кажа Мурињо.