Мурињо има предавник во екипата, а веќе се знае и неговото име?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по дуелот против Сасуоло (1-1) кажа дека еден од фудбалерите во неговиот тим е предавник и поради тоа ќе биде продаден во јануари.

Италијанските новинари веднаш го открија името на предавникот во екипата на Рома, а станува збор за Рик Карсдорп, кој влезе на место на Мехмет Челик и беше виновник за голот.

Карсдорп имаше неколку лоши потези во нападот, а потоа се откажа од обидот да ја прекине акцијата на противникот, односно да го запре стрелецот на голот Арман Лориенте.

Овој фудбалер пристигна во Рома како засилување во 2017 година за 16 милиони евра од Феенорд, но не се прослави во Рим.