Мурињо имал состанок со новиот газда: Португалецот се враќа во Премиерлига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот тренер Жозе Мурињо наскоро ќе се врати на работа, ако може да им се верува на англиските медиуми, а според „Тајмс“ наводно португалецот имал состанок со управата на Арсенал.

Арсенал има преговори со португалскиот стратег и му подготвува ангажман доколку Унај Емери добие отказ, зашто „топчиите“ во последно време играат катастрофално.

Емери, наводно, добил шанса на уште два меча да ја поправи ситуација и да го врати тимот во борбата за топ-4 по три меча без победа во англиската Премиерлига.

Раководстовот на Арсенал се грижи и за односот на шпанскиот тренер кон некои фудбалери во тимот, а тоа се однесува и на Месут Озил, кој би добил втора шанса ако пристигне Мурињо.