Мурињо искрен: Таков пенал не треба никогаш да се суди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија со контроверзен пенал се избори за финале на Европското првенство (ЕП), а по мечот со Данска цела спортска јавност го критикуваше судијата и смета дека „Гордиот Албион“ не заслужил да се бори за трофејот.

Дури и Жозе Мурињо смета дека не постоел прекршок врз Рахим Стерлинг за најстрога казна на мечот, а притоа се запраша зошто служи ВАР, кога не се користи за да се поправи некоја грешка.

„Англичаните беа одлични на теренот. Точно е дека заслужија да победат, но не на ваков начин. Реалноста е поинаква и мора да кажеме јасно дека таков пенал не се суди и тоа никогаш. Не разбирам како можеше судијата да покаже на белата точка, а не ми е јасно ниту зошто служи ВАР-технологијата. Јас да сум Герет Саутгејт, ќе прифатев таква победа, но ќе му честитав на колегата од Данска“, кажа Мурињо.