Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо не беше задоволен со судиските одлуки на дуелот меѓу Рома и Фиорентина (1-1), па реши да не дава коментари по натпреварот.
Мурињо не дозволи да се најде во непријатна ситуација и да добие суспензија, а по мечот испрати порака и преку социјалните мрежи.
Искусниот стратег објави фотографија на која навивачите го повикуваат да остане во клубот и се надеваат дека Мурињо ќе потпише нов договор.
Португалецот има понуди од Европа и Саудиска Арабија, но не би било чудно доколку и следната сезона го тренира клубот од Рим.