Мурињо ја посрамоти Барселона, па ќе добие – тужба!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Барселона најави тужба против Рома, која го откажа пријателскиот натпревар на 6 август во рамки на „Гампер купот“.

Екипата од Рим се повлече од идејата, па тоа ги промени плановите на Барселона, кои се налутија и сега планираат да го тужат тимот на Жозе Мурињо.

„Рома без причина реши да се повлече од договорениот меч на 6 август. Клубот бара нови противници, но адвокатите на тимот ја разгледуваат можноста за тужба против Рома“, соопштија од Каталонија.

Засега не е познато кој тим би можел да ја замени Рома на „Гампер купот“, но Каталонците ќе се обидат да привлечат популарни тимови за да заработат повеќе пари од билети.