Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалецот Жозе Мурињо веќе две децении е на светската сцена, а синоќа испиша историја со освојување на Конференциската лига и стана прв тренер кој ги освоил сите натпреварувања на УЕФА.
Иако многумина сметаа дека доаѓа неговиот крај, сепак Мурињо ги замолче критичарите така што ѝ го донесе првиот трофеј на Рома по 14 години.
Португалецот беше емотивен пред камерите, па не можеше да ги задржи солзите во еден момент.
„Овие 11 месеци во Рома беа прекрасни. Им кажав на момците дека во Серија А успеавме да ги остварриме целите, се пласиарвме во Лига Европа, а денеска испишавме историја. Конференциската лига е натпреварување за кое од почетокот имавме чувство дека може да го освоиме“, кажа Мурињо.