Мурињо ќе биде спасител на Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо доби отказ од Рома по лошите резултати со калчолигашот, а сега се споменува како решение за тренерската позиција во Челси.

Челси има пари, но нема добри резултати, па Мурињо би можел да добие трет мандат на кормилото на гигантот од Лондон.

Маурицио Покетино потроши многу пари на засилувања, но сè уште екипата ги нема посакуваните резултати и затоа се шпекулира дека газдата Тод Боели ќе му даде отказ.

Мурињо со „сините“ досега освои три титули во Премиерлигата, ФА-купот, три Лига Купа и еден Комјунити Шилд.