Мурињо ќе му купи патики од 800 евра на херојот во мечот со Џенова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома славеше против Џенова со 2-0 во 13. коло од италијанската Серија А, а херој на екипата на Жозе Мурињо беше младиот Феликс Афен-Гиан, кој ги постигна двата гола.

Младиот фудбалер влезе во игра во 74. минута и успеа да ѝ донесе триумф на Рома и да ја врати во битката за топ-4 позициите во италијанскиот шампионат.

Само осум минути му беа потрени да го постигне првиот гол за предност од 1-0, по што во судиското надополнување го даде вториот гол за 2-0, а за тоа ќе си добие подарок од страна на Мурињо.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките кои му се допаѓаат иако се 800 евра ако постигна гол. Кога постигна гол дојде до мене и ми кажа да не заборавам на тоа ветување“, кажа Мурињо.