Мурињо: Моја желба е засекогаш да останам во Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо кажа дека сака да остане засекогаш во екипата на Рома, каде што му оди солидно по преземањето на тимот.

Овој 59-годишен тренер кажа дека е среќен во Рим, откако неговиот тим успеа да го совлада големиот ривал Интер со 2-1 сред Милано.

„Мојата желба е да останам во Рим. Ќе направам сè што е во моја моќ за Рома повторно да победува“ кажа Мурињо.

Португалецот ги израдува Римјаните минатата сезона, откако го освои трофејот во Конференциската лига на УЕФА и обезбеди прва титула за Рома по пауза од 11 години.