Мурињо може да му позавиди: Симеоне искористи анти-фудбалска тактика против Сити!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити триумфираа на домашен терен против Атлетико Мадрид со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Гостите од Мадрид од почетокот до крајот се бранеа од противничките напади, но сепак примија еден гол, иако најголем дел од шансите на „граѓаните“ беа запрени.

Кевин Де Брајне во 70. минута беше единствениот човек кој успеа да го урне бункерот на Атлетико и да постигне гол за победа.

„Екипи играат дефанзивно против нас, но денеска првпат видов некој да игра во формација 5-5-0 и тоа без никаков напаѓач“, кажа Де Брајне по натпреварот.

Атлетико на овој меч имаше само 297 додавања, додека Сити имаше 695, а доминираше и во поседот 71-29 отсто.