Мурињо: На полувреме на моите фудбалери им кажав дека ми е срам од нив!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рома одигра 1-1 против Јувентус во Торино, а контроверзниот тренер Жозе Мурињо по мечот откри како ги мотивирал неговите избраници на полувреме.

Душан Влаховиќ постигна гол за водство на поранешниот италијански првак, а во вториот дел Рома ја подобри својата игра и со погодокот на Тами Абрахам стигна до бод.

„На полувреме на моите фудбалери им кажав дека ми е срам од нив. Имавме среќа што губевме само 0-1 по првите 45 минути. Тие ја разбраа мојата порака на паузата и потоа заиграа многу подобро. Задоволен сум од нивниот настап и од тоа што освоивме голем бод во Торино против Јувентус“, кажа Мурињо.