Мурињо направи специјална тетоважа каква што никој друг не може да има (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо е познат под прекарот „Специјалниот“, а го оправда епитетот со неговата тетоважа.

Мурињо реши да направи уникатна тетоважа, каква што никој друг не може да има затоа што не ги освоил трите европски натпреварувања на УЕФА.

На тетоважата се наоѓаат пехарите на Лигата на шампиони (ЛШ), Лига Европа и Конференциската лига.

Трофеите ги содржат и боите на клубовите со кои ги освојуваше, па така тетоважата е дефинитивно уникатна.