Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Рамос играше 16 години за Реал Мадрид и беше лидер на шпанскиот гигант, а од минатото лето го носи дресот на ПСЖ.
Овој 35-годишен дефанзивец десетина годни беше капитен на Реал Мадрид и се однесуваше како лидер на теренот.
Меѓутоа, најдобар доказ за тоа колку ги поддржуваше неговите соиграчи даде во 2012 година, кога Жозе Мурињо беше тренер на екпата.
На мечот против Депортиво Ла Коруња на удар на Мурињо бил Месут Озил. Тој на полувреме ги нападнал него и Кака затоа што не бил задоволен, а Рамос застанал на страна на поранешниот германски репрезентативец.
„Се сеќавам на 2012 година кога игравме против Депортиво на полувреме Мурињо не беше задоволен како играв јас и Кака. Нè критикуваше и имавме караница во соблекувалната. Тогаш останав во соблекувалната, а зборовите на Мурињо ми ѕвонеа во главата. Таа поддршка на Рамос нема никогаш да ја заборавам. Го облече мојот дрес под неговиот и излезе на теренот“, кажа Озил.